::: НОВА ЛИЗИНГ КАМПАЊА НА МИ-ДА МОТОРС ЗА ВОЗИЛАТА НА FORD

29.06.2010 Ми-Да Моторс го лансираше новиот лизинг за возила на Ford. Ова лето, на своите потенцијални клиенти Ми-Да Моторс, во соработка со S-Leasing, реши да им понуди нова опција за лизинг со 0 % камата и за прв пат во Македонија, месечна рата за отплата пониска од 100 евра.

Дарко Димовски, генералниот директор на Ми-Да Моторс истакна: “Се одлучивме на ваков чекор бидејќи повеќе од јасна ни е финансиската состојба на луѓето во нашава земја. Со новата понуда се надеваме дека ќе им дадеме можност за нов автомобил на сите граѓани, по услови кои при крајните пресметки укажуваат на тоа дека е поисплатливо да купат нов, отколку стар автомобил. Сепак, ваквиот месечен надомест кој не го надминува магичниот праг од 100 евра е сосема согласен на стандардот на македонскиот просечен купувач. Се надеваме дека акцијата ќе ја постигне бараната цел.”
Понудата на Ford и Ми-Да Моторс за возилата кои ги има на лагер, ќе се спроведува заклучно со 31 јули, 2010 година. Со неа, потенцијалните купувачи возилата Ford Fiesta, Focus и Fusion ќе можат да ги набават со учество од минимум 20%, а да ги отплаќаат во траење до 6 години, со 0% камата во првите три години.

::: НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО!

::: ТЕСТ ВОЗЕЊА ВО БИТОЛА

На 29 мај 2010 во Битола локалниот дилер на Форд „Автоцентар БТ“ организираше тест возење на моделите од гамата на Форд. Посетителите имаа можност да ги тестираат моделите: Fiesta, Fusion, Focus и Mondeo.

::: ТВОЈАТА НОВА ГАРАЖА
Хомологација, сервис и резервни делови!

Со секоја хомологација на вашето возило во сервисните центри на Форд добивате комплетна бесплатна проверка на вашиот автомобил и дополнителен попуст од 15% на сите резервни делови. Вашата нова гаража е постручна и поопремена од онаа дома. Отсега, таа е и поевтина!

::: САЕМСКИ ДЕНОВИ ВО САЛОНИТЕ НА ФОРД

Ми-Да Моторс на прес конференција го означи официалниот почеток на Саемските денови на Ford кои се одржаа од 12-ти до 16-ти мај во сите продажни салони во Македонија. Посетителите и сите заинтересирани имаа можност одблиску да се уверат во квалитетот и перформансите на Фордовите возила.

Главниот настан на Саемските денови се случуваше во продажниот салон на Ми-Да Моторс во Скопје. Сите посетители на саемот кои со себе го донесаа наградниот купон од промотивниот флаер за настанот добиваа симболичен подарок како спомен од Саемските денови. Покрај подароците, сите посетители за време на настанот имаа можност да добијат и Екстра Саемски попуст, како и тест возења и многу забава.
Марија Саздовска, маркетинг и ПР директор на Ми-Да Моторс на прес конференцијата истакна: “Се одлучивме на овој начин да им ги претставиме нашите нови понуди на сите заинтересирани клиенти од едноставна причина што во нашиот град веќе неколку години не постои саем на автомобили. Токму затоа решивме да си го донесеме во нашиот салон и на Скопје и Скопјани повторно да им го вратиме саемот на автомобили, кој толку многу ни недостасуваше. Од 12- ти мај до 16- ти мај во продажниот салон на Ми-Да Моторс посетителите ќе имаат можност да ги почуствуваат сите бенефити што ги нуди еден автомобилски саем“.

Ми-Да Моторс е 21 година присутна на пазарот во нашата држава. Генерален застапник е за брендот Ford во Р. Македонија, додека пак Ми-Да Ауто е генерален застапник за брендот Volvo.
Во рамки на компанијата покрај продажбата на горе наведените брендови, функционираат и професионално опремениот сервис, прилагоден на строгите правила на Ford на генерално ниво, како и специјализираната перална за автомобили според сите стандарди.

::: СИТЕ ПОВОЛНОСТИ НА ЕДНО МЕСТО!

Од 12-ти до 16-ти мај дојдете на Саемските денови на Ford збогатени со многу интересни и забавни содржини, тест возење и симболични подароци за најдобрите возачи. И тоа не е сe: цел месец Екстра Саемски Попуст кој важи кај сите наши дилери. Посетете нe во салоните на Ford и информирајте се за деталите од оваа акција уште денес!

 

::: FORD FOCUS RS ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

УЧЕСНИКОТ НА СВЕТСКИОТ РЕЛИ ШАМПИОНАТ ГО НАЈДЕ СВОЈОТ ПРВ СОПСТВЕНИК ВО ЗЕМЈАВА

Скопје, 11 март 2010. Уличната верзија на Ford Focus RS WRC минатиот вторник, 2-ри март, беше изложена во салонот на Ми-Да Моторс, овластениот импортер, дистрибутер, продавач и сервисер од програмата Ford во Р.Македонија. Автомобилот е достапен за заинтересираните, кои во текот на изминатата недела имаа прилика и да го погледнат овој првенствено натпреварувачки автомобил во еден од салоните на Ford.

Во светски познатиот авто магазин Топ гир (Top Gear), за новиот Focus RS Џереми Кларксон (Jeremy Clarkson), англискиот новинар специјализиран за моторни возила, изјави: “Моторот е епски. Да, тоа е истиот 2,5 литарски Волво мотор со 5 цилиндри, но има нови клипови, нов компресор, нов интеркулер, нова разводна гранка и издувен систем што `рже како куче. Постои мало колебање, но веќе од 3000 вртежи во минути можете да осетите како телото ви е залепено за седиште, можете да го осетите забрзувањето, да ја осетите силата од 440 њутн метри и за разлика од повеќето турбо мотори на кои им недостига „здив“ кога ќе ја достигнат црвената линија, овој продолжува да пее... Всушност да, `рже.“

Базиран на платформата од новиот Focus ST под атлетската каросерија лежи застрашувачка сила и напредна натпреварувачка технологија. Широкиот праг, моторот од 305КС со турбо полнење и напредната суспензија го забрзуваат овој Focus RS од 0-100км/час за 5,9 секунди. Неговите перформанси совршено одговараат на неговиот изглед. Кинетичкиот дизајн ја обликува надворешноста, а ексклузивната „Ultimate“ зелена боја со контрасните црни и сјајни детаљи му даваат современ изглед и го прават RS-от привлечен за око.

 

::: ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ЗА СЕЗОНАТА НА ПРАЗНИЦИ, ГОЛЕМИ ПОВОЛНОСТИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ВОЗИЛА
ГОЛЕМИ ЗИМСКИ ПОПУСТИ НА ФОРДОВИ ВОЗИЛА ВО МИ-ДА МОТОРС

Ми-Да Моторс реши оваа сезона на празници да ја посвети на своите потенцијални клиенти и да ја лансира својата досега најдарежлива кампања со попусти за продажба на фордовите возила. Во наредниот период Ми-Да Моторс ќе организира промотивна акција во која посетителите на салоните на Форд низ Македонија ќе можат да добијат попусти од 100 до 5000 евра за купување на Fiesta, Focus и Fusion, а оние што ќе се одлучат за купување на Ford Mondeo ќе добијат патување во Словенија.

Дарко Димовски, генералниот директор на Ми-Да Моторс на денешната прес конференција истакна: “Се одлучивме на овој начин да им ги честитаме празниците на граѓаните, да им овозможиме да ги купат најквалитетните возила на пазарот кои и онака се продаваа по извонредно достапни цени, но сега да додадеме и еден возбудлив аспект во нивниот избор. Патувањето во Словенија и грепките се сосем соодветен избор со оглед на периодот кој ни претстои, и потребата истовремено да се опуштиме, но и да заштедиме.”

Со новата понуда за Ford Mondeo “Ford Snow Show”, клиентите добиваат патување во Словенија за двајца, бесплатна регистрација на возилото и бесплатен зелен картон. Промотивната акција за моделите Fiesta, Focus и Fusion овозможува на секој посетител да изгребе попуст до 5000 евра и да го искористи до 28 февруари 2010 год.

 

::: ИДЕАЛЕН ЗИМСКИ ПОДАРОК, ИЗВЛЕЧИ ПОПУСТ

Сите ние имаме свои желби кога доаѓаат празниците. Зошто една од тие желби сега да не се оствари. Со новата продажна акција на Ми-Да Моторс секој посетител на салоните на Ford низ Македонија има можност сам да го изгребе/извлече својот попуст. Грепки со попуст од 100 до 5000 евра за купување на моделите Fiesta, Fusion и Focus. Пробај ја својата среќа и подновисе во новата година!

Правилник за наградната игра „Извлечи попуст“

 

::: FORD SNOW SHOW

Зимска идила...
Гордоста на Ford отсега достапен по неверојатно прифатлива цена. Новиот Ford Mondeo покрај спектакуларниот пакет на дополнителна опрема, во оваа зимска идила ќе го добиете заедно со бесплатната регистрација и 2 годишната гаранција која не е ограничена според изминатите километри. И тоа не е се. Твоето ново FordMondeo испробај го на наша сметка. Бесплатен зелен картон и зимување за двајца во Словенија. Дојдете и уверете се.


::: Ford & Garo Jr.

На 20 ноември 2009 Ford доби нов член во семејството на задоволни возачи, а тоа е познатиот тапанар, продуцент и композитор, младиот, Гаро Тавитјан. Возилото Ford Fiesta му беше доделено за време на промоцијата на неговиот нов албум, а младиот тапанар изјави дека Fiesta-та го пленила со новиот дизајн и дека е презадоволен од возните карактеристики на истата.

 

::: БЕСПЛАТНА РЕГИСТРАЦИЈА

Секое успешно партнерство започнува со регистрација. Одбери едно од возилата на лагер и првата регистрација на твоето возило добиј ја бесплатно. Оваа зима увери се во разликата и почувствувај се посебно. Вистинскиот спој на дизајн технологија и фукнционалност од сега со најрационална цена. Токму овие причини ја прават оваа понуда посебна за тебе и твоите најблиски.

 

::: FORD MONDEO – СЕ ДВИЖИ ДУРИ И КОГА СТОИ

Во Ford, елеганцијата отсекогаш се поистоветувала со Mondeo. Новиот кинетички дизајн на Ford Mondeo ја претвора енергијата во движење и го прави Mondeo да изгледа како да се движи, дури и кога стои!

 

::: ОТВАРАЊЕ САЛОН ВО СТРУМИЦА

На 31 октомври во Струмица го промовиравме новиот дилер на Ford – фирмата ДА-ФРО. Новиот дилер својата работа ќе ја изведува од веќе постоечкиот салон за Ford во Струмица. На промовирањето беа присутни голем број Струмичани кои покажаа посебен интерес за изложените возила. Меѓу присутните беше и градоначалникот на Струмица – Зоран Заев.

 

::: ФОРД, ГОРД СПОНЗОР НА SKOPJE JAZZ FESTIVAL

 

::: ПРОМОЦИЈА НА КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ВО БИТОЛА

На 9 октомври 2009 во Битола, на Широк сокак, Ford со локалниот дилер „Автоцентар БТ“ организираше промоција на комерцијални возила. На промоцијата беа поканети компании од регионот како и голем број љубители на гамата Ford возила. Големиот број посетители имаа можност да ја видат новата Fiesta Van како и останатите модели од комерцијалната програма на Ford.

 

::: СОВРШЕНО ПАРТНЕРСТВО

Запознаје го Вашиот деловен партнер од соништата. Партнерство во кое вложувате помалку, а добивате повеќе . Со специјалната акција „Денови на товарни возила“ Ми-Да Моторс Ви овозможува или специјални попусти или бесплатен сервис или бесплатно гориво за Вашата најпаметна инвестиција во Вашиот бизнис.
Побрзајте!

 

::: АКЦИЈА

 

::: Понеделник, 6 април, во 20 часот, се одржа промоцијата на новата Ford Fiesta

Фиестата не е новитет во Фордовата палета на возила. За прв пат на пазарот се појави во 1976 година и во изминативе 33 години се докажа како практична и со одлични возни својства за милиони купувачи ширум Европа. Автомобилот беше дизајниран и произведен на истите фундаментални принципи кои го создадоа Model T пред повеќе од 100 години.

Fiesta беше производ на Фордовата мисија да направи нов Европски мал автомобил со модерни карактеристики и респектабилна цена. Иако новата Fiesta изгледа многу поразлично од оригиналната, таа продолжува да ги промовира истите фундаментални принципи и да ги носи атрибутите од оригиналот.

Производството на Fiesta прв пат започна во Валенсија, Шпанија, во 1976 година. Во текот на подоцнежните години од 20-тиот век, производството на Fiesta се прошири со вклучување на фабриките во Келн, Германија и Дагенам, Британија.

Фордовата посветеност на возниот квалитет и иновативна технологија играше клучна улога во задржувањето на Fiesta на врвот на пазарот на мали автомобили. Од прв ден, сопствениците на Fiesta имаа мала потрошувачка на гориво поддржана од економични трошоци на одржување, пристапна основна цена, одлична безбедност и атрактивен облик.

Токму поради тоа повеќе од 12 милиони Фиести се испорачани на купувачите во шареноликата 33-годишна историја на Fiesta.

Во меѓувреме, наградите се редеа. Забележителни награди во портфолиото на Fiesta се ‘Европски Автомобил на Годината 1989’, ‘Најдобар Мал Автомобил во Светот’, 'Најпаметен Мал Автомобил’, и ‘Најдобар Градски Автомобил’.

Новата Фиеста се произведува во бензинска и дизел верзија и тоа со бензинските мотори 1.25 со 82КС, 1.4 (96КС) и 1.6 (120КС), како и со веќе докажаниот 1.4ТДЦи мотор со 68КС и неколку серии (нивоа) на опременост – Амбиент, Тренд, Гиа, Титаниум и Спорт. Цената започнува од 10.600 ЕУР.

Дизајнерски ја следи новата филозофија на Форд, со примена на кинетичкиот дизајн како на екстериерот, така и на ентериерот. Автомобилот изобилува со богата стандардна опрема и голем избор на дополнителна опрема.

Во Форд велиме дека Фиестата е создадена од љубов, но во исто време таа и создава љубов. Ако зборот Фиеста означува забава тогаш првата асоцијација за забава е танцување. И кој танц подобро ги поврзува љубовта и забавата? Дами и господа уживајте во тангото – танцот на љубовта.

 

::: ОТКРИЈТЕ ГО FORD KA
     Скопје, четврток 12.03.2009 година.




Скопје, четврток 12.03.2009 година. На 12 март во 19 часот во салонот на Ми-Да Моторс – ексклузивниот застапник на возила од програмата Ford, беше промовиран новиот модел на Ford – Ford Ka. Во авто салонот се собраа голем број на вљубеници во овој бренд и пријатели на компанијата.

Пред крајот на 2008 година Ми-Да Моторс најави многу новитети за 2009 година. Па така во почетокот на годината беше промовиран моделот Ford Kuga, а веќе во март и малиот автомобил Ford Ka.

Овој модел не е новитет за Форд бидејќи за прв пат беше лансиран во 1996 година. Од тогаш автомобилот прерасна во икона на европските пазари и донесе многу стил и забава во сегментот на мали автомобили. Новото Ka е стилско, модерно и многу забавно за возење. Истовремено ги задржува сите свои квалитети кои го направија брендот Ka толку популарен – компактна величина, одличен изглед, жива динамика и забавна личност – но ги претставува во свежо ново пакување.

Со својот впечатлив внатрешен и надворешен дизајн, извонредната динамичност и уникатниот карактер, Ford Ka поставува нови стандарди за малите автомобили. Практичен, безбеден, ефтин за одржување и еколошки, овој смел нов модел започнува ново поглавје на успешната Ka приказна.

Новото Ка се произведува со два агрегати – еден бензински со зафатнина од 1200 ццм и 69 КС и еден дизел 1300 ццм мотор со 75 КС и две серии (нивоа) на опременост – Амбиент и Титаниум. Во палетата се внесени нови живи бои, а опремата е збогатена, како сериската, така и опционалната која може да се одбере. Цената на основниот модел започнува од 9.550 ЕУР.

Купувачите на Ка сакаат забележителен и стилски автомобил, но тие исто така сакаат возило кое одговара на нивниот животен стил и им помага да останат во контакт со нивните пријатели. Новото Ка потполно ќе ги исполни нивните очекувања. Тоа има неверојатен избор на карактеристики и опции, вклучувајќи и најнови технологии за купувачот да може да биде во контакт и да се забавува. Се разбира, животот со новото Ка носи и многу други бенефиции: како сите мали Фордови, тоа е безбедно, практично, евтино за одржување и пријател на природата.
Фордовите инженери во развојот на новот Ка го внесоа своето знаење од најновите модели, вклучувајќи ја и новата Fiesta, и ја подесија шасијата да го даде истиот одличен возен квалитет. Сега возната динамика на новото Ка е меѓу најдобрите во класата и купувачите набрзо ќе се уверат во тоа.

 

::: Замисли ја својата патека и дојди на тест возење на FORD KUGA
     Скопје, сабота 31.01.2009 година.




На 31 јануари во 12 часот во салонот на Ми-Да Моторс – ексклузивниот застапник на возила од програмата Ford, под мотото“Замисли ја својата патека и дојди на тест возење на Ford Kuga” беше промовиран новиот модел на Ford – Ford Kuga.

Во авто салонот се собраа голем број на вљубеници во овој бренд како и многу заинтересирани да го пробаат токму најновиот модел на Ford. Организаторот на настанот направи мала презентација на моделот на која посетителите накратко ги запозна со предностите и квалитетите на Ford Kuga. По презентацијата секој имаше можност да го проба возилото и да се увери во одличните перформанси и возни карактеристики.

Тест возењата продолжија и во недела на 1-ви февруари. Вкупно беа направени повеќе од 100 тест возења. Како изненадување за посетителите и оние кои возеа, Ми-Да Моторс подготви ЗЛАТЕН ВАУЧЕР со кој секој заинтересиран за купување на ново возило ќе добие дополнителен попуст, а пак оние кои се веќе сопственици на Фордово возило ќе можат да закажат бесплатна проверка на сопственото возило во овластениот сервис на Форд.

 

::: Соочување со предизвиците

Марјан Миновски - сопственик на Ми-Да


Во времето во кое живееме и работиме, градиме и создаваме иднина за нашите поколенија, честопати се соочуваме со предизвици кои работата ја прават
динамична и возбудлива. Таквите
предизвици не прават посилни и
поистрајни во намерите да создадеме
трајна вредност која ќе сведочи за
нашите успеси.

Мотивацијата за успешното постоење и работење на овие простори веќе 20 години беше огромната желба да се создаде успешна компанија по светски стандарди но, истовремено и традицијата во моето семејство поврзана со поседување на автомобили од светски брендови како што се Ford и Volvo.

Јас и мојот тим успеавме за овие години да им ги приближиме светските брендови на македонските купувачи, да организираме продажни активности, промоции на нови модели, лансирања на светски бестселери со што и тие станаа дел од големите семејства на познатите марки. Но, тоа не е се’. Што е продажба без успешно организирање на постпродажбата? Затоа во рамки на нашата компанија строго се придржуваме кон правилото 3 “S” – Sales, Service and Spare parts, односно Продажба, сервис и резервни делови. Постпродажбата и грижата за корисниците во постпродажниот период е еден од главните аспекти на кој му посветуваме посебно внимание и во кој вложуваме огромна енергија и средства.

Изминува уште една година, за нас јубилејна, а за нашите купувачи значајна по содржините и изненадувањата кои ги подготвивме за нив. Иако прославување на роденден значи дарување на славеникот, ние решивме да направиме поинаку и да ги даруваме нашите купувачи и пријатели. Во текот на годината што следи очекувајте многу новитети, поволности, подароци и изненадувања. Нашата основна цел  - Ford за секое семејство, нека биде поттик за Вас да не посетите и да откриете дел од богатите содржини што Ми-Да ги подготви за Вас и вашите најмили.

Купувањето автомобил и одлучувањето за еден бренд не е лесна работа, бара време, средства но и добра проценка на вредноста која што ќе ја добиете за вложените пари. Секогаш треба да се има на ум безбедноста, сигурноста, економичноста и трошоците за одржување на автомобилот. Затоа, дозволете ни да ви помогнеме во изборот на уште еден член на вашето семејство.

Ви посакувам Среќна Нова 2009 година исполнета со радост, среќа и бериќет. Јас и мојот тим ве очекуваме во Ми-Да да се дружиме и заедно да бидеме дел од една успешна приказна, зошто успехот на мојата компанија е резултат и на лојалноста и довербата која ни ја укажаа многу наши долгогодишни купувачи и корисници кои ние сакаме да ги нарекуваме Пријатели на Ми-Да.

Таквите предизвици не прават посилни и поистрајни во намерите да создадеме трајна вредност која ќе сведочи за нашите успеси.

Марјан Миновски - сопственик на Ми-Да

 

::: 20 Години МИ-ДА



Ми-Да е формирана во 1988 година и е реализација на еден сон и огромна страст кон автомобилите на Г-дин Марјан Миновски – основач и сопственик на компанијата. Но корените и љубовта кон автомобилите, а посебно кон брендот Форд започнуваат уште во далечната 1934 година со неговиот дедо Г-дин Марко Данило Миновски, кој е еден од првите сопственици на автомобил Форд во Македонија.

Денес Ми-Да е современа компанија која како групација обединува 4 фирми: Ми-Да Моторс, Ми-Да Ауто, Ми-Да рент-а-кар турс и Дани Мида. Сите фирми функционираат според највисоките стандарди од областа на автомобилизмот. Ми-Да е и првата и најстарата компанија во светот на автомобилизмот во Македонија, единствен и ексклузивен импортер на марките Ford и Volvo.

Водечка компанија во групацијата Ми-Да е Ми-Да Моторс која е овластен импортер, дистрибутер, продавач и сервисер на возилата од програмата Ford во Република Македонија. Оваа компанија е основана во 1997 година и од пред две години своите верни купувачи ги опслужува во современиот објект во кој се наоѓаат продажниот салон, сервис и резервни делови и управна зграда. Од крајот на минатата година, понудата е заокружена и со сервис за лимаро-фарбарски услуги кој е лоциран во Визбегово. Во текот на работењето од година во година, фирмата бележи бројни успеси во продажбата на нови Фордови возила како и во учество на пазарот на нови автомобили во Македонија. Во изминатите години продадени се повеќе од 7000 Фордови возила во Македонија.

 

::: Тест возење на новиот FordFocus 13-15.02.2008

Дестинација - Мi-Da Motors, Скопје - Винарија Еленов, Демир Капија


 

::: Ford Fiesta, Ford Fusion

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  
  
  
  
 
  
  
 
  
  
 
  
  
 
  
  
 
  
  

  
  
  
-